[ФОТО] Збогување со уште една легенда на „Audi“: Компанијата останува без моделот што ја прослави, фановите очајни

Точка

25/11/2023

09:47

7.616

Големина на фонт

а а а

Производството на роудстерот „ТТ“ заврши! За одреден број на среќници, овој легендарен модел сè уште е достапен за купување додека траат резервите.

Соопштението на „Audi“ во Германија на Инстаграм го потврди неизбежното – производството на моделот "ТТ" престана по 25 години производство и три генерации.


Натписот на шофершајбната ни објаснува дека вкупно 662.762 примероци на „Audi TT“ биле произведени во фабриката во Ѓер, Унгарија, од 18 февруари 1998 година до 10 ноември 2023 година.


Последниот модел е "TTS" со дволитарски "TFSI" четирицилиндричен мотор со 320 коњски сили.


Објавата на Инстаграм предизвика многу коментари од сопствениците и обожавателите на "ТТ", од кои повеќето беа фрустрирани што најприфатливиот спортски автомобил на "Audi" е укинат во корист на електричните теренци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг