Објавата на ПР текстот нема рок на траење, доколку клиентот не го побара тоа. ПР текстот останува објавен во категоријата на неограничено време, додека пак неговата видливост на почетната страница на Точка варира во зависност од потребата на клиентот и фреквенцијата на вестите.
Една банер импресија = едно појавување на банерот кај еден читател. Секој клиент има различна потреба и цел за да го промовира својот бренд, па така, и бројот на импресии на банер за постигнување на одредена маркетинг цел е индивидуален за секој огласувач.
Банерите се поставуваат така да се појавуваат во сите категории и нивната видливост да биде што повеќе распространета за подобар ефект на истите.
Маркетинг тимот на Точка работи на маркетинг стратегии за да го понуди најдобриот маркетинг план на клиентот. Буџетот на една кампања се одредува според индивидуалните потреби за промоција на брендот и барањата на клиентот. Тимот на Точка секогаш се стреми кон создавање на најоптимален маркетинг план за своите клиенти, од кој нивниот бренд ќе постигне најголем успех. Задоволниот клиент е нашиот успех.