Ова се кандидатите за автомобил на годината: Како би гласале вие?

Точка

28/11/2023

18:30

1.430

Големина на фонт

а а а

Малку елитистички, но и натаму еден од најценетите светски избори за автомобил на годината, новинарскиот избор за „The Car of the Year 2024“, ја објави својата конечна листа на кандидати за таа престижна титула. Потсетуваме, во овој избор најдобриот автомобил го бираат 59 новинари од 22-земји, кои меѓу 28-те номинирани автомобили одбрале седум за финалната листа.

Овој новинарски избор својот углед го заслужува со фактот дека членовите на жирито се искусни автомобилски новинари, бидејќи за да се дојде во позиција да се биде во жирито е долг и тежок процес. Исто така, сите номинирани автомобили новинарите морале да ги возат, биле организирани и споредни тест возења и поради тоа се очекува конечната одлука да биде објективна.


Иако на широката листа имало повеќе кинески марки од било кога, три од шест модели, во финалето дошол само електричниот автомобил „BYD Seal“. Со оглед на тоа дека оваа кинеска марка имала дури четири модели меѓу номинираните, еден – изгледа – морал да пројде. Затоа не поминале некои многу познати марки: Меѓу одбраните не е новиот „Mercedes E класа“, а потоа и според многумина најдобриот електричен „Volkswagen ID7“, дури ни новата генерација „Toyota Prius“. Во финалето го нема ни оригиналниот „Fiat 600e“, ниту многу интересниот „Smart #1“.


Затоа, во финалето од „Европејците“ минале новата генерација на „BMW Серија 5“, „Peugeot 3008“ во електрична и „ICE“ изведба, новата генерација на „Renault Scenic“ и навистина револуционерното „VOlvo EX30“. Јапонија ја претставува само „Toyota“ со новата верзија на моделот „C-HR“, претставник на Јужна Кореја е електричната „KIA EV9“, додека Кина е застапена со веќе споменатиот „BYD Seal“. Американците меѓу номинираните го имаат само „Ford Bronco“, но тој – релативно очекувано – не дошол до финалето.


Инаку, победникот на изборот ќе се прогласи на Салонот за автомобили во Женева на 26-ти февруари, а ние ве прашуваме: За кој автомобили вие би го дале својот глас?




Спонзорирани линкови

Маркетинг