Гвардиола даде коментар за „Ел Класико“ поразот и за работата на Чави во Барселона

Спорт Денес

16/01/2024

17:32

635

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола вчеравечер беше избран за најдобар светски тренер од страна на ФИФА, а гала церемонијата во Лондон беше добра прилика шпанските новинари да го интервјуираат менаџерот на Манчестер Сити.

Претставниците на седмата сила во англиската престонина ја искористија шансата да „украдат“ неколку изјави од Пеп, кој очекувано не можеше да ги избегне и прашањата за неговиот поранешен клуб Барселона.

Каталонскиот великан се наоѓа во кризен период и „Ел Класико“ поразот ги откри сите слабости кои ги има тимот на Чави Ернандес, но Пеп верува во квалитетите на својот поранешен играч и смета дека не треба да се суди на средина на сезоната.

– Му изразувам неизмерна поддршка на Чави, но и на сите играчи. Сметам дека играчите се тие кои треба да истапат во ово момент, не е до тренерот. Играчите треба да направат чекор напред, да покажат квалитет и ниво кое се бара од нив. Сезоната е многу долга, знам дека во фудбалот има тренд се да се фрли низ прозор. Овој бизнис е комплициран и многу е тешко да се работи. Загубија во едно финале, треба да му се честита на ривалот и да се учи од грешките.

– Реал многу брзо постигна гол, се бранеше добро и беа подобри. Тоа е што е, мојот совет е следен. Да се остане мирен, ова беше само едно финале, не се изгуби цела сезона. Треба да се даде поддршка и да се носат одлуки и заклучоци на крајот од сезоната, – изјави Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг