„Морничава и моќна“: Гледачите се воодушевени од новата серија на „Netflix“ за најсмртоносната индустриска несреќа во светот

Точка

28/11/2023

17:00

2.446

Големина на фонт

а а а

Новата серија на „Netflix“, „The Railway Men - The Untold Story Of Bhopal 1984“ ги воодушеви гледачите ширум светот и брзо стана хит.

Серијата е заснована на застрашувачката приказна за трагедијата во Бопал, кога во една фабрика започнал да истекува смртоносен гас.

Оваа трагедија убила 70 пати повеќе луѓе од Чернобил и се смета за најсмртоносната индустриска несреќа во светот. Приказната ги следи храбрите железничари кои ги ризикуваат своите животи за да им помогнат на другите по смртоносното истекување на гас во градот, спасувајќи ги од незамислива катастрофа.

По гледањето на серијата, гледачите го изразиле своето мислење на „X“. Многумина напишале дека серијата им оставила силен впечаток, а некои ја споредија со хит серијата од 2019 година, „Chernobyl“.

„‘The Railway Men’ на ‘Netflix’. Каква морничава и моќна серија. Сите мора да ја погледнат“, напишал еден, додека друг додал: „‘The Railway Men - The Untold Story of Bhopal 1984’ е едноставно... страв во коски!“.

Што вели критиката?

„Иако серијата повремено се чини преполна со ликови, нејзиното раскажувачко срце останува верно на оддавањето чест на луѓето кои спасија илјадници луѓе во Бопал во 1984 година“, напишала Радика Менон од „Decider“.

„Оние кои уживаа во „Chernobyl“ – иако „уживање“ можеби не е вистинскиот збор – ќе уживаат во мини-серијата, која делува на слично ниво, реално и чувствително рекреирајќи ја трагедијата која и денес служи како предупредувачка, но инспиративна приказна“, пишува Џонатон Вилсон од „Ready Steady Cut“.

Објавена на 18-ти ноември, оваа мини-серија се состои од само 4 епизоди. Во неа играат познати индиски актери, вклучувајќи ги Р. Мадаван, Кеј Кеј Менон и Дивиенду Шарма.



Спонзорирани линкови

Маркетинг