Кристофер Нолан го прекршил своето правило при снимањето на оваа сцена од „Interstellar“

Точка

28/11/2023

15:15

2.073

Големина на фонт

а а а

„Interstellar“ беше објавен во 2014 година и заработи 729 милиони долари на бокс офисот. Некои љубители на филмот сметаат дека ова е најдобриот филм на Кристофер Нолан, додека други тврдат дека не може да се натпреварува со „The Dark Knight, Inception или Oppenheimer“.

Она за што повеќето се согласуваат е дека филмот е многу емотивен и нè тера да размислуваме длабоко. Една од најзначајните сцени е онаа каде Купер (Метју Меконахи) ја гледа снимката што ја пропуштил затоа што е заглавен на планета каде времето тече поинаку.

„Никогаш не го правиш тоа прво“

Во интервју за Атлантик, Нолан зборувал за процесот на снимање на таа сцена. Како што кажал, тој морал да прекрши едно од правилата кое го има кога снима филмови. Но, на крајот тоа вродило со плод и ја направило сцената поемотивна.

„Ја снимивме реакцијата на Меконахи прво одблиску. Во вакви сцени, никогаш не го правиш тоа прво. Секогаш одиш со широк кадар како загревање. Во тој момент, тој не ја гледаше видео-пораката што претходно ја снимивме за да можеме да ја добиеме неговата сирова и оригинална реакција. Двапати го снимавме одблиску и мислам дека го искористив вториот кадар. Потоа ги снимивме мониторите, потоа широкиот кадар и потоа ја составивме сцената“, изјавил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг