Официјално – најсреќната земја на светот: Во неа нема ниту еден семафор, а само кралот има презиме...
Кралството Бутан е земјата без излез на море, а се наоѓа високо на Хималаите, сместена меѓу Кина и Индија. Бутанците својата земја ја нарекуваат Друк Јул, што во превод значи „Земја на Громовитиот Змеј“ кој што е претставен и на нивното знаме. Некои истражувачи Бутан го сметаат и како инспирација за Шангри Ла, митската земја на среќните луѓе која што е сместена на високиот дел од Хималаите.