Изгоре „бмв“ со скопски ознаки, од пожарот зафатено и комбе „форд“

Макфакс

28/11/2023

17:38

709

Големина на фонт

а а а

Утрово околу 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Козара“ настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.А.(42) од Скопје, извести МВР.

Од пожарот било зафатено и возило комбе „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, додаваат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг