Русија се бори за слободата на целиот свет: Путин се обрати на состанокот на светскиот руски народен совет

Точка

28/11/2023

23:34

1.064

Големина на фонт

а а а

Русија е таа која го блокира патот на оние кои тежнеат кон светска доминација, земјата се бори за слободата на целиот свет, изјавил рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Светскиот руски народен совет, кој слави 30 години од основањето.

„Нашата земја, рускиот свет, како што никогаш не се случило во историјата, им го блокираше патот на оние кои денес тврдат дека светската доминација е нивна исклучителност. Сега се бориме за слободата, не само на Русија, туку на целиот свет“, рекол тој.

Русија е голема, повеќестрана земја, а нашата сила лежи во нашата различност, рекол Путин. Диктатурата не еден хегемон сега е трошна и едноставно опасна за другите, додал рускиот претседател.


Рускиот претседател рекол дека надворешното мешање го смета за агресија и дека Русија ќе одговори во склад со тоа.

Истакнал и дека нема да дозволи било кој да ја подели Русија.

Путин рекол дека Русија води битка за суверенитет и правда, дека тоа што се случува е национално ослободување и дека Русија ја брани безбедноста на својот народ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг