Пред нас е супер интересна недела во Евролигата, а пред новите две кола беше објавена најновата Топ 10 листа на најдобрите, најатрактивните моменти од 31. Рунда.
Листата има одлични мајстостии со тоа што истата ја предводи центарот на Алба Берлин, Кумаџе кој против Барселона имаше две одлични реакции на двете страни на теренот, прво му удри „банана“ на Миротиќ, а потоа го комплетираше цепелинот со атрактивно забивање.





